„Ѓаволите“ пред трампа на векот: Реал Мадрид го сака Погба, Јунајтед бара два фудбалери!?


Нема одмор, по ЛШ не чека супер викенд: Тука е и Фантази! ↓↓↓


Контроверзниот агент Мино Рајола во моментов работи на голем трансфер на Пол Погба, кој игра одлично за Манчестер јунајтед, па наскоро би можел да се пресели во Реал Марид.

„Кралевите“ во минатото ги добиваа сите фудбалери, кои ги посакуваат, па тешко ќе биде за Јунајтед да го задржи Французинот на „Олд Трафорд“.

„Ѓаволите“ не се подготвени да го продадат Погба, па поради тоа решиле да да им зададат контра-удар на Шпанците. Јунајтед ќе го пушти Погба само доколку во Манчестер пристигнат Герет Бејл и Тони Крос.

Иднината на многу фудбалери на „Сантјаго Бернабеу“ не е позната, па така и таа на Крос и Бејл, но тешко дека Реал ќе се согласи на ваков предлог.

Погба и тренерот на „кралевите“, Зинедин Зидан во последно време постојано си испраќаа пораки и може да се забележи дека тие сакаат да соработуваат во иднина.