„Ѓаволите“ земаа Аргентинец кој ќе ги реши проблемите во одбраната (Фото)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер јунајтед го комплетираше на трансферот Лисандро Мартинез од Ајакс, кој вреди 57 милиони евра плус 10 милиони во бонуси, а договорот е потпишан до 2027 година со опција да се продолжи на уште една сезона.

Аргентинскиот репрезентативец има 24 години и игра на стоперската позиција, а тренерот Ерик Тенј Хаг инсистираше на негов ангажман затоа што има одлично искуство со дефанзивецот.

Мартинез на тој начин ќе ја засили конкуренцијата на стоперската позиција во Јунајтед, а за место во стартниот состав ќе се бори со Рафаел Варан, Хари Мегваер и Виктор Линделоф.

Аргентинецот настапи на 74 меча за Ајакс од 2019 година, додека за татковината одигра седум натпревари.