Газдата на Јунајтед се извлече: Ретклиф избегна казна поради коментарите за имигрантите

Совласникот на фудбалскиот клуб Манчестер Јунајтед Џим Ретклиф нема да биде дисциплински гонет од страна на Фудбалската асоцијација на Англија (FA) поради контроверзното интервју во кое изјавил дека Обединетото Кралство е „колонизирано од имигранти“.

Коментарите предизвикаа бројни осуди во јавноста, вклучувајќи и реакција од премиерот Кир Стармер, како и од сите водечки навивачки групи на Манчестер Јунајтед.

Ретклиф во меѓувреме упати делумно извинување, додека клубот објави соопштение во кое се истакна иницијативите и програмите насочени кон инклузивност што ги спроведува.