Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Неочекувана вест ја „стресе“ НБА лигата кога беше објавено дека Мајк Мелун доби отказ од клупата на Денвер Нагетс. Тренерот кој го предводеше Никола Јокиќ и тимот до историската прва титула и кој со години беше симбол на стабилност и успех на франшизата, повеќе не е дел од тимот. Веста предизвика изненадување ширум кошаркарскиот свет, затоа што Мелоун беше еден од најценетите стручњаци во лигата.
Соопштението на Џош Кроенке, потпретседателот на Кроенке Спортс енд Ентертејнмент, по повод заминувањето на Мајк Мелоун и Келвин Бат од Денвер Нагетс следува продолжување.
– Не сме задоволни бидејќи објавуваме дека го разрешивме Мајк Мелоун од должноста главен тренер и одлуката има моментален ефект. Давид Аделман ја презема улогата на главен тренер до крајот на сезоната 2024/25.
Оваа одлука не беше донесена лесно – внимателно е разгледана и донесена исклучиво со намера на нашиот тим да му дадеме најдобра шанса да се бори за титулата шампион на НБА лигата во 2025 година и да донесе уште еден трофеј во Денвер и на нашите навивачи ширум светот, рече тој.
Фото: Denver Nuggets