Газдата на Тотенхем пријави во полиција плантажа со дрога, па следеше – одмазда!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Првиот човек на Тотнем, Даниел Леви кажа за англиските медиуми дека просториите на клубот биле на мета на непознати сторители.

Леви вели дека причина за тоа е неговата пријава за плантажата за марихуана. Разбојниците уништиле многу работи од клупските простории.

Претседателот на лондонскиот клуб пријавил плантажа, по што почнале проблемите, зашто разбојниците оштетиле уште неколку негови објекти.

„Очигледно тоа беше одмазда затоа што кршењето на водоводните цевки во тие објекти предизвикаа поплава во истите“, вели Леви.

Полицијата во моментов работи на разрешување на инцидентот и пронаоѓање на разбојниците, кои очигледно не мислат тука да застанат и сигурно претседателот на Тотенхем ќе има главоболки со нив.