Газдите го „одврзуваат ќесето“ – сериозни бонуси за фудбалерите на Арсенал


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Арсенал е шампион на Премиер лигата. Реченица која не се слушнала повеќе од 20 години, клубот од “Емиратите” конечно успеа да ја освои титулата и тоа по нерешениот резултат на Борнмут и Манчестер сити 1:1.

Овој нерешен резултат значеше дека славењето може да започне, бидејќи коло пред крајот никој не може да ја претекне екипата од Северен Лондон. И сопствениците на Арсенал одлучија да го одврзат ќесето.

Секој играч на Арсенал ќе заработи по 6 илјади фунти за секој натпревар, а Давид Раја и Мартин Зубименди би заработиле најмногу по 228 илјади фунти.

Навивачите на Арсенал се надеваат дека нивните миленици ќе добијат уште еден бонус, кој можеби за некои поединци ќе биде и поголем, ако ја освојат и Лигата на шампионите. Имено, секој играч на Арсенал кој ќе игра и победи во финалето ќе добие фиксен износ од 125.000 фунти, а парите за победата над Атлетико Мадрид и претходните пласмани во Лигата на шампионите веќе се исплатени.