Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Газета дело Спорт“ објави дека 51-годишниот стратег Антонио Конте ќе го напушти Интер во следните 48 часа и тоа ќе биде голем удар за италијанскиот шампион.
Медиумот пишува дека амбициите и плановите на Конте и раководството се разликуваат, па поради тоа тренерот решил да го напушти првакот.
Во следните 48 часа ќе ја објави неговата одлука, откако Конте се разочарал што клубот не сака да продолжи по патот кој му бил презентиран по пристигнувањето во тимот.
Од друга страна, Фабрицио Романо пишува дека во следните денови Конте ќе ја соопшти конечната одлука. Клубот сака да остане, но бараат да се согласи на продажба на дел од фудбалерите.
Конте го презема Интер во јуни 2019 година, а го водеше на 102 натпревари и има 64 победи, 23 нерешени средби и 15 порази.
Esclusiva: è divorzio tra #Inter e Antonio Conte! https://t.co/ub5yIAFJqs
— La Gazzetta dello Sport (@Gazzetta_it) May 25, 2021