„Газета дело Спорт“: Јувентус го договори Рудигер и нема да потроши ни евро!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Јувентус го договори првиот летен трансфер, па така Масимилијано Алегри ќе добие одлична дефанзива во следната сезона во која ќе се обиде да го освои Скудетото.

„Газета дело Спорт“ пишува дека Антонио Рудигер ќе го облече дресот на Јувентус на 1 јули 2022 година, кога ќе стане слободен агент и бесплатно ќе го напушти Челси.

Јувентус минатото лето не можеше да го купи Рудигер и чекаше до ова лето за да тргне по неговиот потпис.

Рудигер и Челси не постигнаа договор, па така тој ќе стане слободен фудбалер и ќе го напушти Лондон во кој стигна во 2017 година.

За германската репрезентација досега настапи на 49 меча и има два гола, а останатите детали од соработката со Јувентус се очекува да бидат објавени по крајот на сезоната.