„Газета дело Спорт“: Реал Мадрид ќе потроши милијарда евра за Мбапе!?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Раководството на Реал Мадрид е подготвено на крајот на сезоната да потроши милијарда евра за фудбалерот на ПСЖ и француски репрезентативец Килијан Мбапе, објави „Газета дело Спорт“.

Од тоа 150 милиони евра би биле за отштета за францускиот шампион, додека Мбапе ќе заработи 626 милиони евра за четиригодишен договор, додека остатокот ќе биде за бонуси.

Мбапе во мај ја одби понудата на „кралевите“ и потпиша нов договор со ПСЖ до 2025 година, но најверојатно би можел да замине порано од францускиот гигант.

Францускиот фудбалер го носи дресот на парижаните од 2017 година и притоа одигра 237 меча, а постигна 190 голови.