Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Gazzetta dello Sport пишува дека челниците на Јувентус „му фрлиле око“ на Стефан Савиќ од Атлетико.
Со обзир на тоа дека Киелини, Барзаљи и Бонучи се влезени во постари играчки години, јасно е дека на Бјанконерите им е потреба смена на генерациите и на големо се бара младо засилување што би одговарало на задачите на Алегри.
На негов радар, помеѓу останатите се наоѓа и црногорскиот фудбалер Стефан Савиќ. Споменатиот италијански медиуми наведува дека Савиќ има контакти со Старата Дама веќе подолго време, а наводно договор е можен ова лето токолку понудата биде задоволувачка.
Покрај Савиќ на мета е и суперталентот на Ајакс Де Лигт, како што стојат работите тој е поблиску до Барселона.
Олеснителна околност за Савиќ е што не мора претерано да се прилагодува, затоа што има искуство во Серија А, каде што од 2012. до 2015. година го носеше дресот на Фиорентина.