Гендузи го допра дното на Арсенал, откако ги навредуваше играчите на Брајтон


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Англиските медиуми пишуваат дека челниците на Арсенал решиле летово да го продадат младиот играч од средниот ред Матео Гендузи.

21-годишниот играч од средниот ред пристигна на „Емирати“ пред две години од Лориент за осум милиони евра, и се покажа како добро засилување. Гендузи се бореше за место во првиот тим и покажа дека тој навистина е талентиран фудбалер.

Сепак, неговото однесување не е многу за пофалба, што беше најочигледно пред неколку недели на натпреварот против Брајтон. Во тоа време, Французинот беше во судир со противничките играчи, дофрлајќи кон нив дека заработува повеќе во Арсенал отколку што тие некогаш заработувале.

Ваквото однесување не е прифатливо во клуб како Арсенал, а челниците на овој тим му ставија до знаење. Имено, од тој инцидент, Гвендози тренира одделно од првиот тим, а Микел Артета му рекол дека не смета на него повеќе.

Сан пишува дека челниците на клубот му порачале на Гендузи дека е ставен на трансфер листата и дека сакаат да го продадат или да го вклучат во некоја размена на играчи.