Генијален како и секогаш: Реал Мадрид ќе има интересен трет дрес (ФОТО)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Реал Мадрид денеска ја претстави третата гарнитура на дресови, кои ќе ги користи во сезоната 2019/20. Откако го претставија првиот и резервниот дрес, „кралевите“ ја претставија и третата гарнитура, која секогаш е интересна.

Така беше и овојпат, а третата гарнитура ќе биде во сина боја. На претставувањето на дресот се појавија Герет Бејл, Марсело, Тони Крос, Лука Модриќ, Начо, Лукас Васкез и Карим Бензема.

Да потсетиме, „кралевите“ досега ангажираа неколку засилувања, меѓу кои најзвучни се Лука Јовиќ и Еден Азар, па вкупно потрошија повеќе од 300 милиони евра, а очигледно управата на шпанскиот гигант нема намера да застане, па во следниот период се очекува уште неколку фудбалери да го облечат „кралскиот дрес“.