Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Реал Мадрид нема намера да преговара за трансферот на Килијан Мбапе ова лето, затоа што претседателот Флорентино Перез сака да почека до идното лето кога ќе може да го добие Французинот целосно бесплатно.
Мбапе минатата недела ги извести парижаните дека нема да потпише нов договор до 2025 година, а тоа го вклучи алармот во тимот на ПСЖ, кој веднаш му порача да си замине.
Реал не сака да плати 200 милиони евра за трансферот на Мбапе, туку ќе потпише договор со него со кој ќе го добие целосно бесплатно идното лето.
Засега не е познато какви чекори ќе преземе ПСЖ, доколку Мбапе одбие да направи трансфер ова лето и реши да не потпише нов договор.