Генијалноста на Гвардиола најдобро ја почуствува – Мбапе!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


ПСЖ одигра лош натпревар на домашен терен и загуби со 1-2 од Манчестер сити во првиот меч од полуфиналето од Лигата на шампиони (ЛШ). Домаќините имаа водство по првиот дел, но се распаднаа во вторите 45 минути.

Една од главните причини е тоа што Килијан Мбапе се изгуби на теренот, а своја ноќ немаше ниту Нејмар, кој не направи ништо посебно.

И минатата вечер можеше да се забележи генијалноста на Пеп Гвардиола, кој го направи Мбапе невидлив во поголем дел од натпреварот, а тоа го покажува и статистиката.

Мбапе откако игра во ЛШ не се соочил со толку лоша статистика. Тој синоќа не испрати ниту еден шут кон противничкиот гол, иако беше стартер на натпреварот, па тоа доволно ја покажува генијалноста на Гвардиола.