Георгина го шишаше Роналдо, па објави провокативна слика од теретана (ФОТО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во врема на самоизолација познатите спортисти мораат сами да водат сметка за својот изглед. Кристијано Роналдо веќе некое време е на Мадеира во друштво на своето семејство, а бидејќи не е во можност да оди кај својот сопствен фризер, работата ја препушти на Георгина Родригез.

Најпопуларниот фудбалер во светот, кој наскоро ќе заработи повеќе од милијарда евра вчера објави кратко видео како Георгина го шиша со порака до фановите да останат дома поради пандемијата на вирусот.

Неколку часа подоцна Георгина објави стори на Инстаграм од заеднички тренинг со Роналдо и изгледа Португалецот не е премногу задоволен со новата фризура.

Сепак, речиси и никој да не го забележа тоа затоа што во центар на внимание беше Георгина со нејзиното провокативно издание од теретана.