Германците со нов договор за Јоновски: Ацо е ракометен експерт (Фото)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Поранешниот македонски ракометар Ацо Јоновски потпиша нов договор со Интерактив (бивш Ратинген), па така ќе остане во екипата до 2024 година.

Јоновски е дел од стручниот штаб на македонската ракометна репрезентација и му помага на селекторот Кире Лазаров.

„Среќни сме што Ацо ќе остане дел од нашето семејство. Тој е ракометен експерт. Сигурни сме дека заедно со него ќе ги оствариме сите наши спортски цели“, соопштија од тимот.