Германија без проблеми избори осминафинале на ЕП (Видео)


Финале: Кој до титула? Шпанија по четврти или Англија по прв пат!? ↓↓↓


Германските репрезентативци ја запишаа втората победа на Европското првенство (ЕП), откако вечерва беа подобри од Унгарија со 2-0, а со тоа се пласираа во осминафинале на турнирот.

Домаќинот постигна по еден гол во двете полувремиња за да ја „нокаутира“ Унгарија, а стрелци на погодоците беа Џамал Мусиала и Илкај Гундоган.

Во вториот меч од групата А вечерва од 21 часот ќе се соочат Шкотска и Швајцарија, по што ќе биде појасно која селекција е блиску до нокаут-фазата.