Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓
Клубот Кожув од Гевгелија доби доверба за организација на завршниот турнир во Купот на Македонија за 2025 година.
Турнирот ќе се одржи во спортската сала „26 април“ во Гевгелија, од 13 до 15 февруари 2025 година, и тука ќе се соберат најдобрите тимови како во машката така и во женската конкуренција.
Во четвртфиналната рунда на машката конкуренција, екипите ќе се натпреваруваат во следниве парови:
- ТФТ против Гостивар
- Пелистер против Чаир
- МЗТ Скопје против Работнички
- Куманово против Кожув
Во женскиот турнир, во полуфиналните дуели ќе се сретнат:
- Крива Паланка против Вардар
- Баскет Кам против Бадел