Ги купија за 62 милиони, ги продадоа за 420 милиони, Борусија е вистинска машина за пари


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Борусија Дортмунд годиниве наназад има фантастична трансфер стратегија која до врв ја наполни касата на овој клуб.

„Милионерите“ се збогатија со продажба на играчи, а доколку се исполни очекуваниот трансфер ова лето и доколку Санчо потпише за Манчестер Јунајтед сумата заработена од продажба на само пет играчи ќе стигне неверојатни 420 милиони евра.

Борусија Дортмунд за вкупна сума од 62 милиони евра успеа да ги ангажира Џејдон Санчо, Усман Дембеле, Пјер Емерик Обамејанг и Хенрик Миктарјан, а ги продаде за неверојатни 420 милиони евра, остварувајќи огромни 358 милиони евра профит само на овие играчи.

Како што напоменавме, трансферот на Санчо не е реализиран, но е пред реализација и сигурно нема да чини под 100 милиони фунти.