Ги понижија со 10-0, а потоа Олисе застана пред камера и го шокираше фудбалскиот свет со својата изјава (Видео)


Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓


Фудбалерите на Баерн вчера го декласираа новозеландскиот Окленд Сити со дури 10:0 на почетокот на Светското клупско првенство, а главна тема во јавноста е Мајкл Олисе, кој ниту по натпреварот не покажа милост кон играчите на противничкиот клуб.

Беше јасно дека Окленд Сити е еден од аутсајдерите на ова натпреварување, бидејќи новозеландскиот клуб во Америка допатува значително ослабен, имајќи предвид дека некои од играчите не можеа да добијат отсуство од примарните работни места.

Затоа Окленд е единствениот клуб што не успеа да го пополни ростерот за ова натпреварување, што доволно говори дека во Америка допатувале повеќе со туризам отколку натпреварувачко расположение.

Тоа најдобро се виде на вчерашниот натпревар против Баерн во кој претрпеа еден од најтешките порази во нивната историја.

Имено, Баварците немаа милост кон тимот од Нов Зеланд, на кој му постигнаа дури десет голови и славеа со 10:0.

Хет-трик на вчерашниот натпревар запиша Џамал Мусиала, а по два гола постигнаа Томас Милер, Кингсли Коман и Мајкл Олисе, а во листата на стрелци се впиша и Саша Боје.

По завршувањето на натпреварот во центарот на вниманието се најде токму Олисе, кој застана пред камерите, а она што го кажа офанзивецот на германскиот гигант стана главна тема на фудбалската јавност.

“Прославувавте неколку голови на почетокот, но како времето одминуваше, сѐ помалку славевте. Дали се почувствувавте малку лошо поради играчите на Окленд бидејќи сте толку многу појаки од нив?”, праша водителката.

“Не”, кратко одговори играчот на Баерн со насмевка, не подозирајќи дека ќе биде “разапнат” на социјалните мрежи поради тоа.

Фотографија: Принтскрин