Гигантите од Манчестер ќе купат двајца фудбалери на Челси


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Челси пред неколку дена потврди дека нов тренер на екипата е Маурицио Покетино, а набрзо почнува ремонтот на екипата, па се очекува заминување на голем број фудбалери од лондонскиот гигант.

Дел од фудбалерите кои ќе заминат се Мејсон Маунт и Матео Ковачиќ, кои се селат во Манчестер, но во различни делови од градот.

Маунт има договор до 2024 година со Челси, но не сака да остане во Лондон и веќе ги договорил условите со „црвените ѓаволи“, па се очекува во следниот период да бидат завршени и преговорите меѓу тимовите.

Ковачиќ веќе преговара со „граѓаните“ и блиску е до договор меѓу двете страни, а Челси наводно веќе прифатил да го продаде Хрватот за сума од 35 милиони фунти.