Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Братот на Рајан Гигс, Родри, се огласи откако легендарното крило на Манчестер Јунајтед повторно е изоставено од листата на кандидати за влез во Куќата на славните на Премиер лигата. Во понеделник беа објавени 15 имиња кои влегоа во потесниот избор, а меѓу нив беше и Гери Невил, Едвин ван дер Сар и Сеск Фабрегас, пишува GiveMeSport.
Иако Гигс е најтрофејниот играч во историята на ова натпреварување и трет според бројот на настапи, повторно е занемарен. Тоа го поттикна неговиот помлад брат Родри, со кој Велшанецот има многу турбулентна историја, да ја коментира одлуката јавно.
Откако официјалниот профил на Премиер лигата на социјалната мрежа X ја објави најавата за новите два члена на Куќата на славните, Родри го изрази своето незадоволство. Во својата објава сподели видео со најдобрите потези на својот брат и жестоко порача: “13 титули од Премиер лига, безброј голови и рекорден број асистенции. #ПосрамотенаКуќаНаСлавните.”
Овие зборови за поддршка многу ги изненадија, со оглед на тоа дека браќата со години не разговараат откако беше откриено дека Рајан имал афера со тогашната партнерка на Родри. И покрај личниот конфликт, Родри истакна непобитните спортски факти. Гигс сè уште е рекордер со 162 асистенции во Премиер лигата, а најблискиот следбеник, Кевин де Брујне, заостанува со дури 43 додавања позади.