Гигс со совет до Јунајтед: Јас да можев, ќе ги донесев…


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Поранешниот легендарен фудбалер на Манчестер Јунајтед, а сегашен селектор на репрезентацијата на Велс, Рајан Гигс упати трансфер совет до Манчестер Јунајтед.

Велшанецот посочи дека доколку му се укаже прилика би ги донел Џејдон Санчо и Џек Грилиш и посочи зошто би го сторил тоа.

„Двајца добри играчи. Мислам дека Грилиш нема да има потреба да се адаптира и тоа е добро.  Според мене тој е ментално подготвен да дојде тука и нема да се грижи поради такво нешто.

Исто добра работа е што оваа година тој постигна десет голови, па тоа ќе биде следна негова цел каде и да игра.

Санчо е брз, директен и многу интелигентен фудбалер. Тоа што го сакам кај него е кога ќе дојде на местата кога треба да го даде финалниот пас, воопшто не паничи. Многу брзи играчи стигнуваат на опасни позиции, но потоа не го даваат точниот пас.

Тој е некој кој може да одигра одлично во контра напад, но исто така може да се враќа назад и да ги притиска противниците.

Тоа се две засилувања кои би можеле да бидат слободни и доколку сме во можност да ги земеме, без никакво размислување би ги донел“ –изјави Рајан Гигс.