Гладијаторски тренинг на Јокиќ: Србинот се подготвува за одбрана на МВП! 🎥

Кошаркарот на Денвер нагетс, Никола Јокиќ следната сезона како МВП-играч ќе има тешка задача да ја оправда наградата.

Сега се подготвува напорно за новата сезона и Денвер нагетс објавија дела од подготовките на српскиот центар.

Србинот ги пропушти квалификациите за Олимписките игри за да се подготви подобро за новата сезона, а јасно е дека повеќе нема приказни со „дебелиот“ Јокиќ.