Главниот судија на Ју-Ес Опен ја објасни одлуката да го дисквалификува Ѓоковиќ


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Главниот судија на Ју-Ес Опен, Сорен Фримел кажа дека сите се сложуваат дека првиот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ не ја погодил линиската судијка намерно, но не постоела друга опција, освен дисквалификација.

Ѓоковиќ вчера беше дисквалификуван за време на осминафиналниот меч со Пабло Карено Буста ја погоди судијката, која падна како покосена, по што Србинот се извини, но главните луѓе на турнирот го исфрлија Ноле.

„Постојат два фактори – акција и резултат. Акцијата, иако не беше намерно, донесе до резултат, а тоа е удар на линиски судија и факт е дека таа беше повредена. Тоа се суштински фактори при носење одлука. Неговата поента беше дека намерно не ја удрил судијката и се извини, а сите се сложуваме со тоа, но факт е дека судијката беше удрена и мораше да се реагира“, објасни судијата.