Глигоров си замина од Вардар, а ФФМ ги суспендираше судиите!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Најтрофејниот македонски клуб Вардар најверојатно и следната сезона ќе игра во Втората лига – Запад, откако загуби од Гостивар со 1-2 и тоа ѝ дозволи на Воска Спорт да ја зголеми предноста на табелата.

Тренерот Никола Глигоров си поднесе оставка по поразот во вчерашниот меч и истата беше прифатена од страна на тимот.

„ФК Вардар му се заблагодарува за досегашната соработка и му посакува среќа и успех во понатамошниот тек на кариерата“, се вели во соопштението.

Вардар се пожали дека е оштетен, што е вистина затоа што судиите имаа неколку скандалозни одлуки, по што Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ги суспендираше арбитрите.

Фото: ФК Вардар