Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!? ↓↓↓
Фудбалерите на Наполи синоќа ја освоија титулата шампиони на Италија, бидејќи во последното коло на Серија А на свој терен го победија Каљари со 2:0. Во центарот на вниманието се најде шкотскиот играч од средниот ред, Скот МекТоминej, кој на стадионот Диего Марадона ги доживеа најубавите моменти во својот живот и едноставно не можеше да ги скрие емоциите.
Во Италија одамна не сме следеле толку возбудлива сезона кога станува збор за битката за шампион, бидејќи Наполи и Интер се “бркаа” до последното коло, но на крајот, титулата оди на југот на оваа земја.
На фудбалерите од Наполи вчера им беше потребна победа над Каљари за четврти пат во својата историја да ја освојат титулата шампиони на Италија, и тоа го направија без поголеми проблеми, бидејќи славеа со 2:0.
МекТоминej не можеше да ги скрие солзите откако заврши натпреварот, и сигурно му падна огромен камен од грбот по сè што се случувало претходните сезони.
⚡ГОЛ: СКОТ МЕКТОМИНЕЈ ПОСТИГНУВА ВИСТИНСКА АТРАКЦИЈА ЗА НАПОЛИ!!!!!!! ИГРА ПРОДОЛЖУВА
— Haki FC (@thehakifc) May 23, 2025
🇮🇹 Наполи 1-0 Каљари pic.twitter.com/SYP9gfVPuu
Фото: Принтскрин