Го менуваат името на стадионот во чест на – Емилијано Сала!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сан Мартин де Прогресо, клубот во кој Емилијано Сала ја почна фудбалската кариера, направи неверојатен потег и ги освои симпатиите кај навивачите ширу светот.

Сала утре требаше да го слави 29 роденден, но почина при авионската несреќа во англискиот канал, на пат од Нант кон Кардиф, кадешто требаше да ја продолжи кариерата.

Веста за промената на името на стадионот во чест на аргентинскиот напаѓач ја потврди и дректорот на клубот Даниел Риберо.

„Да, ќе го смениме името на стадионот во чест на Сала. Исто така, ќе направиме мурал со негова слика“, порача Риберо.

Локалните медиуми објавија дека на стадионот утре ќе биде присутна и мајката на Сала, Мерцедес Тафарел, како и братот Дарио.