Го надмина и Роналдо: Сите се изненадени од Нани, кој изгледа како Херкул! (ФОТО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Португалскиот фудбалер Нани под полна пареа се подготвува за продолжение на сезоната во американската МЛС-лига.

Нани на почетокот на 2019 година реши да го напушти Спортинг Лисабон и кариерата ја продолжи во Орландо.

Овој 33-годишен Португалец во текот на паузата не губеше време и вредно тренираше во теретана, што јасно може да се види на него.

Нани ја изненади пријатно јавноста, кога објави фотографија на Инстаграм и покажа дека го надминал и својот пријател и сонародник Кристијано Роналдо.