Го освоија трофејот во шпанскиот Куп, но ќе мора за брзо да го вратат!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Фудбалерите на Реал Сосиедад го победија Атлетик Билбао во финалето на шпанскиот Куп со 1-0, па го добија трофејот, но за сезоната 2019/20 бидејќи натпреварувањето беше одложено.

Натпреварувањето продолжи оваа година, па сега ќе се случи необична ситуација. Реал Сосиедад ќе биде актуелен освојувач на Купот само две недели, зашто финалето за сезоната 2020/21 е закажано за сабота, 17 април и таму ќе играат Атлетик Билбао и Барселона.

Дотогаш ќе уживаат фудбалерите на Реал Сосиедад, кои победија благодарение на единствениот гол на мечот на Микел Ојарзабал во 63. минута.

За Реал Сосиедад ова беше трет трофеј во историјата, а прв по пауза од неверојатни 34 години.