Го платија 115 милиони евра, а не знаат да го користат: Конте жестоко удри по Челси


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ромелу Лукаку ова лето пристигна во Челси од Интер за неверојатни 115 милиони евра, а по првите натпревари Белгиецот беше одличен и постигна неколку голови.

Доволна му е и една шанса за да постигне гол, па така брзо стигна до четири погодоци, но сега Челси врза два порази по ред, а Белгиецот не постигна ниту еден гол.

Поранешниот тренер на Интер и Челси, Антонио Конте се јави и го критикуваше тимот од Лондон затоа што смета дека Томас Тухел не го користи вистински потенцијалот на белгискиот напаѓач.

„Тренерот е добар доколку им помогне на играчите да напредуваат. Мислам дека ние бевме одлични со Лукаку. Тој е специфичен играч. Опасен во казнениот простор и неверојатно брз. Ако имате таков фудбалер, мора да го искористите подобро, а мислам дека во Челси уште не знаат како да го направат тоа“, објаснува Конте.