Го прегрнал боксерскиот шампион, му кажал „ова е за луѓето кои го загубија животот“ и му го забодел ножот!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Поранешниот сопственик на титулата во суперлесна категорија и носител на ВБО појасот, Жорж Бариос е повреден во Аргентина, откако бил избоден од еден човек.

Аргентинскиот боксер имал полесно повредени гради, десна рака и грб. Според сведоците, напаѓачот му пришол на Бариос, го прегрнал, а потоа го прободел неколку пати со нож, го ограбил и побегнал.

„Уживаше во музиката со семејството. Седеше и му пријде еден лик, го прегрна. Мислев дека тоа е пријателска прегратка, но потоа видов убод. Луѓето забележаа дека крвари и има неколку убоди на телото“, открива сестрата на Бариос.

Напаѓачот веднаш потоа бил уапсен и идентификуван, а станува збор за Рамон Енрике Икарди, кој сакал да му се одмазди на Бариос затоа што во 2010 година поминал на црвено со автомобил и го одземал животот на една 20-годишна бремена девојка.