Го прогласија за најлош трансфер, а тој руши рекорди на Џордан


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Чикаго булс се приближи до врвот на Истокот во НБА-лигата со победа од 115-110 против Лос Анџелес Лејкерс, кој го играа првиот меч без Ентони Дејвис, кој дозна дека поради повреда на коленото ќе паузира барем еден месец.

До победа ги предводеше ДеМар ДеРозан во неверојатна последна четвртина, во која постигна 19 од своите 38 поени, а имаше и шест асистенции.

Во тие 38 поени постигна и кош за водство на 52 секунди пред крајот, по што погоди уште двапати од линијата за слободни фрлања.

ДеРозан така стана првиот кошаркар на Чикаго по Мајкл Џордан, кој во сезона против Лејкерс имал просек од 38 поени. Освен тоа, стана прв кошаркар на Чикаго по 25 години, односно ерата на Џордан, кој во последните четвртини постигнал 50 поени.