Го сака пола Европа, а тој ја сонува Барса!

Младиот Бразилец кој го споредуваат со Нејмар, сонува да го облече дресот на Барселона.

После што каталонски „Спорт“ објави дека Барселона испрати понуда од 19 милиони евра + 5 милиони во зависност од неговите партии, за напаѓачот на Палмеирас Габриел Хесус, 19-годишниот фудбалер изрази желба да премине на Ноу Камп.

„Преминот во Барселона би било остварување на сонот. Барса е голем предизвик, но не се плашам. Знам колку можам и секојдневно напорно работам. Имам фамилија која ме поддржува и агент кој ми ги дава најдобрите насоки“, рече Хесус.

Покрај Барселона, за Хесус интерес покажаа Манчестер Сити, Баерн Минхен, Манчестер Јунајтед и Јувентус.