Го сакаа Лестер и Наполи, а тој заврши на Сан Сиро!


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Милан конечно спрема тим достоен за своето реноме.

Пишувавме денеска дека Ибрахимовиќ може да се врати во Милан.

Како што со Ибра не се знае никогаш,во Милан веќе тргнаа со засилувања, а стигна напаѓач.

Беше на листата на желби на Клаудио Раниери, а можеше да се пресели во Наполи.

Во прашање е фудбалер на Пескара Џанлука Лападула, кој во минатата сезона во Серија Б постигна 27 погодоци.

Оваа информација ја пренесе доверливиот новинар Џанлука Ди Марцио, и наведува дека клубот од Сан Сиро за неговите услуги ќе издвои 10 милиони евра.

Ди Марзио уште наведува дека останува да се извршат медицински прегледи, па Лападула и официјално да го облече дресот на Милан.

https://www.youtube.com/watch?v=DUYAST2FB3c