Го сакаа Манчестер Јунајтед и Арсенал, го „лапна“ Саутемптон


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Саутемптон реализираше одличен трансфер откако успеа да го донесе Мохамед Салису од Валјадолид за сума од 11 милиони фунти.

„Светците“ ја повлекоа неговата откупна клаузула и со тоа го обезбедија потписот на играчот кој беше интересен и за големите клубови како Манчестер Јунајтед и Арсенал.

Интересно е тоа што Ганецот по пристигнувањето во Англија ќе мора да оди во 14 дневен карантин откако во Англија беа воведени превентивни мерки за луѓето кои доаѓаат од Шпанија која повторно станува жариште на вирусот.