Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Премиерлигашот Њукасл има проблеми со резултатите, и покрај доаѓањето на богатите шеици, па до крајот на јануари мора да реализира неколку трансфери за да обезбеди опстанок во Премиерлигата.
Бруно Гимараеш е фудбалер кој треба да биде најново засилување на богатиот тим од „Сент Џејмс Парк“, а денеска ќе оди на медицински прегледи, по што ќе стави потпис на договор.
Фудбалерот го сакаа Манчестер јунајтед и ПСЖ, но на крајот пресудија парите на Њукасл, кој ќе му плати 42, 5 милиони евра на Лион, како и дополнителни осум милиони ако остане во Премиерлигата
Гимараеш има 24 години и сезонава за Лион настапи на 25 натпревари, при што запиша шест асистенции, но може да игра на повеќе позиции и тоа е добра вест за тренерот Еди Хау.
Бразилецот ќе биде трето засилување за Њукасл оваа зима, откако екипата ги купи Кјеран Трипие од Атлетико Мадрид и Крис Вуд од Барнли.