„Го сакам Мбапе и неговиот начин на игра, но нема никогаш да го купиме!“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Првиот човек на Баерн Минхен, Карл Хајнц-Румениге беше јасен во својот одговор дека германскиот гигант никогаш нема да го купи Килијан Мбапе.

Напаѓачот на ПСЖ е еден од најдобрите фудбалери во светот, а допрва следат неговите најдобри години, па неколку тима сакаат да го ангажираат.

„Го сакам Мбапе и начинот на неговата игра, но никогаш нема да го ангажираме во Баерн“, кажа Румениге.

Секако, ставот на тимот за големи трансфери е јасен. Според нив, ниту еден фудбалер не може да чини повеќе од 100 милиони евра и така работат неколку години.

ПСЖ за да го купи Мбапе од Монако претходно мораше да плати неверојатни 180 милиони евра.