„Го слушнав Џеко како ми ја бара топката, но јас во главата имав нешто друго“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Рома со убедлив триумф се врати на победничките патеки победувајќи ја Бреша со 3-0.

Волчицата сите голови ги постигна во второто полувреме, а стрелци беа Крис Смолинг, Џанлука Манчини и Един Џеко.

Вториот погодок беше дело на Манчини во 57. минута каде што мајсторски погоди.

По натпреварот изјави дека во таа ситуација Џеко му ја побарал топката, но во главата имал само цел да постигне гол.

„Вистина е дека слушнав оти Џеко ми ја бара топката, но во главата мислев само на удар и заврши се добро“, изјави Манчини по натпреварот за Рома ТВ.

Погледнето го видеото овде