Го водат клубот во пропаст: Откриено зошто „ѓаволите“ не го ангажирале Хамес


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Колумбискиот фудбалер Хамес Родригез минатото лето го напушти Реал Мадрид и се пресели во Евертон, со кој потпиша двегодишен договор, а веднаш се покажа како големо засилување. Тој одигра шест меча и постигна три гола и три асистенции за премиерлигашот.

Многумина беа изненадени со фактот дека Хамес реши да потпише за Евертон, но тоа се покажа како вистински потег. Тој се поврзуваше и со Манчестер јунајтед, но на крајот двете страни не се договорија.

Англиските медиуми пишуваат дека Хамес неколку месеци бил во контакт со „црвените ѓаволи“ и бил сигурен дека ќе ја продолжи кариеата на „Олд Трафорд“.

„Сан“ објави дека Јунајтед не сакал да потпише со Хамес затоа што управата верувала дека Колумбиецот со неговиот стил на игра нема да се прилагоди во Премиерлигата, но тој подоцна ги демантираше со настапите за Евертон.