Гоце Седлоски еден од кандидатите за тренер на Динамо Загреб, но…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Динамо Загреб бара нов тренер, откако Игор Јовичевиќ по само еден месец го напушти хрватскиот гигант.

Хрватските медиуми пишуваат за неколку потенцијални имиња кои можат да седнат на кормилото на Динамо Загреб, а еден од нив е Гоце Седлоски.

Поранешниот тренер на Вардар во моментов го предводи вториот тим на Динамо, но тешко дека ќе добие шанса да го предводи првиот тим.

Седлоски, според навивачите, има најмала шанса да го преземе тренерското столче на хрватската екипа, а освен него во конкуренција за нов предводник се Жељко Копиќ, Ромео Јозак, Горан Томиќ, Зоран Мамиќ…