Ѓоковиќ чека одлука за настап на Ју-Ес опен, а Надал има отворен пат до тронот!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанскиот тенисер Рафаел Надал има одлична шанса во Америка да го нападне првото место на АТП-листата.

Надал не брани бодови во Синсинати, ниту на Ју-Ес опен, па има отворен пат кон тронот, зашто Данил Медведев по турнирот во Монтреал остана без многу бодови.

Медведев на Ју-Ес опен ќе брани дури 2.000 бодови, па тоа е дополнителен удар за него, но и предност за Надал кој без притисок ќе го нападне тронот.

Мастерсот во Монтреал донесе големи промени, а најмногу профитираше Каспер Руд, кој напредуваше за две места и така ги скокна Стефанос Циципас и Новак Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ остана на шестата позиција, додека Циципас поради лошите резултати падна дури до седмото место.