Ѓоковиќ денеска го руши Федерер и се запишува во вечната листа на Ролан Гарос


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ денеска ќе игра против Даниел Галан и ќе има шанса да ја оствари 71. победа во кариерата на Отвореното првенство во Франција.

Доколку ја оправда улогата на голем фаворит, тогаш најдобриот светски рекет ќе го урне Роџер Федерер на вечната листа на Ролан Гарос.

Ѓоковиќ со евентуална победа денеска ќе стигне до бројката од 71 триумф во кариерата и така ќе урне уште еден рекорд на Швајцарецот, додека пред него ќе биде само Рафаел Надал, кој е убедливо најдобар на гренслем-турнирот.