Ѓоковиќ доби казна од Вимблдон


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ доби казна затоа што искрши рекет за време на финалето против младиот Шпанец Карлос Алкараз.

Ѓоковиќ ќе треба да плати околу 8.000 евра за инцидентот кој го предизвика на теренот, а за ситуацијата доби и предупредување од судијата.

Србинот ги загуби нервите откако го загуби својот сервис, па со сета сила удри во мрежата.