Ѓоковиќ доби одлична ждрепка за Австралијан опен

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ во првото коло на Австралијан опен ќе се соочи против Роберто Карбаљес Баен, по што го чека подобриот од дуелот меѓу Делиен и квалификант.

На патот кон финалето се наоѓа и Григор Димитров, кој почнува од Аслан Карацев, а во тој дел од ждрепката е и Ласло Ѓер.

Ѓоковиќ во четвртфиналето ги избегна Медведев, Оже-Алиасим и Фриц, а го доби Рубљев, иако постои можност да се соочи против НИк Кирјос или Холгер Руне.

Руд е проектиран противник за Ѓоковиќ во полуфиналето, но има многу да се игра, па ќе видиме на крајот како ќе испадне.

Надал има тешка работа од самиот старт, а прв ривал му е Џек Дрејпер кој е во подем, а ги доби и Хачанов, Нишиока, Медведев и ште неколку звучни имиња.