Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Мајката на Стефанос Циципас, Јулија Апостоли, предизвика хаос со една нејзина изјава за Новак Ѓоковиќ. Таа нагласи дека Ѓоковиќ не е Србин, туку Босанец.
„Тие што го осудуваат Новака мораат да разберат некои работи. Јас имав различен живот. Живеев во Белград некое време, така што зборувам српско-хрватски јазик. Инаку, иако сите пишуваат дека Новак е Србин, тој всушност е Босанец по раѓање, само што избра една од националностите кои живееја во поранешна Југославија“, изјави таа.
Јулија Апостоли е родена во Москва на 13 август 1964 година и е поранешна тенисерка. Најдобриот пласман во нејзината кариера и беше 194-то место во сингл и 130-то место во двојки. Нејзиниот татко е Сергеј Салников, кој беше полурусин и полугрк, а таа се омажи за Апостолос Циципас со кого има два сина – Стефанос (26) и Петрос (24).