Ѓоковиќ е најдобар во историјата и крај на приказната!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го освои Ролан Гарос и така стигна до 23 гренслем-титули во историјата. Тој го надмина неговиот ривал Рафаел Надал и сега е најтрофеен по бројот на пехари на најголемите турнири.

Познатиот тениски тренер, Патрик Муратоглу кажа дека дебатата за најдобар тенисер во историјата е завршена ако се погледнат сите параметри.

„Еединствена мерка за тоа кој е најдобар се титулите. Новак Ѓоковиќ ги победи и Надал и Федерер на сите гренслем-турнири. Тој има 23 големи титули, како и 38 пехари од Мастерс-серијата. Има шест финални Мастерси и убедливо најмногу недели поминати како број 1 во светот. Крај на приказната“, кажа Муратоглу.