Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ требаше да биде гостин на мечот меѓу Русија и Србија, но го откажа патувањето затоа што бил повреден.
Претседателот на Тенискиот сојуз на Русија, Шампил Тарпишчев откри дека Ѓоковиќ е повреден и оди на терапии.
„Сакавме да дојде, но тоа е невозможно поради натпреварувачкиот календар, а исто така е повреден и оди на терапии“, кажа Тарпишчев.
Тоа најверојатно е и причината за откажување на Ѓоковиќ од Мастерсот во Мајами.