Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ по шести пат во кариерата ја заврши годината на првото место на АТП-листата.
Вчера почна натпреварувањето во Лондон, а Ѓоковиќ искористи можност да им се заблагодари на сите кои го поддржаа во минатиот период.
„Иако стојам сам на оваа фотографија, сепак овој трофеј му припаѓа на моето семејство, тимот, луѓето кои секогаш веруваа во мене и ме поддржуваа. Многу сум среќен што ова го прославувам тука во Лондон. Емоциите ми се измешани со оглед на тоа дека целиот свет минува низ тешкотии. Се молам за нивна среќа и здравје“, напиша Ноле.