Ѓоковиќ ги спасува колегите од банкрот: Се појави неговиот план за најзагрозените!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Новак Ѓоковиќ најпрво му помогна на српското здравство, а потоа на италијанското, по што сега најде одличен начин како да им помогне на колегите од светот на тенисот.

Полошо рангираните тенисери, посебно тие под 100. позиција на АТП-листата, поради пандемијата на коронавирусот го загубија цел приход, па Ѓоковиќ затоа ќе им помогне.

Планот на српскиот тенисер го открија Кристофер Клар и Џон Верхејм и открија дека Србинот е главен виновник што полошо рангираните тенисери наскоро ќе добијат вкупно 4,5 милиони долари доколку се прифати иницијативата на Ѓоковиќ.

„Ѓоковиќ, кој е претседател на советот на тенисери, наводно предложил на најдобрите 100 тенисери да им се помогне со сума од 5.000 до 30.000 долари, а потоа да се помогне и на останатите тенисери“, вели Клар.

Во донацијата на фондот за загрозени тенисери би учествувале вкупно 120 тенисери, 100 најдобри сингл играчи и 20 играчи од конкуренција во двојки. Најмногу би донирале Ѓоковиќ, Надал, Тим, Федерер и Медведев, односно топ-5 тенисерите.